Македонија
26. December 2015 - 17:00

Моторџиските дрштва во хумана акција

 Членовите на прилепскиот Мото-клуб „СОНС оф Тхундер МЦ“, денеска, во центарот на Прилеп, организираа необичен културен настан, со кој  им овозможија на многубројните постетители на еден суптилен начин, од поблиску да се запознаат со стилот на животот на моторџиите. Од сите посетители, најзадоволни и најсреќни беа најмладите, на кои моторџиите им подарија пригодни новогодишни подароци.
 
Инаку, овој прилепски Мото-клуб се вбројува во најстарите и, една од нивните животни девизи е да помагаат секому, секогаш и секаде каде ќе можат. Така, според нивните најави, за в година планираат оваа нивна манифестација да има целосно хуманитарен карактер.