-->
-->
Моторџија тешко повреден во судар во с. Злетово
-->
Вчера попладне во 18.20 часот на ул. „Македонија“ во с.Злетово, пробиштипско, дошло до судир помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.З. (38) од с.Злетово и мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Т.В. (38) од с.Кнежево, кратовско.
Од ударот со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Т.В., кој по укажаната лекарска помош во Здравствен дом Кратово и Клиничка болница Штип, бил препратен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде бил задржан за понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Пробиштип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД
-
Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас во посета на Тетово
-
Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари
-
Доделување сертификати на 145 земјоделци за одржливо земјоделство во Преспа
-
Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на фабрика за батерии за автомобили на компанијата „ABEE“ во ТИРЗ Кичево
-
Нова американска воена помош од половина милијарда долари за Украина
-
Макрон денеска ќе го соопшти името на мандатарот за состав на влада
-
Јермак: Киев не е подготвен за преговори со Русија