Македонија
1. November 2020 - 11:43

Мотоциклист тешко повреден во судир со два автомобила

На 31.10.2020 во 14,00 часот во Неготино пред угостителски објект на ул. „Маршал Тито“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода фабија“ со неготински регистарски ознаки, управувано од З.П.(57), моторцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од Т.К.(29) и товарно моторно возило „фиат добло“ со неготински регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(52), сите од Неготино.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Т.К. кој бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.