Македонија
8. September 2018 - 12:19

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Вчера во 14,30 часот на булевар „Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Кимко“ со национална ознака на Шведска, управуван од С.Л.(37) од Скопје и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(51) од Скопје.

Од незгодата со повреди се здобил С.Л. кој бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е препратен на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.