Македонија
29. July 2020 - 11:10

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола и паднал во Кавадарци

Во сообраќајка што се случила синоќа во 18.00 часот на улицата „Шишка“ во Кавадарци, С.З.(51) од село Сопот, управувајќи мотоцикл „кинки“ со кавадаречки регистарски броеви, изгубил контрола и паднал.

Како што информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, С.З. во незгодата се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Кавадарци, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на незгодата.