-->
-->
Мото ГП:Пол позиција за Лоренцо во Италија
-->
Шпанецот Хорхе Лоренцо ќе стартува од пол позицијата на трката во Мизано, која на програмата е в недела. Лоренцо постави нов рекорд на патеката 1:31.868 минути и за нешто повеќе од три десетинки го остави зад себе тимскиот колега Валентино Роси.
Зад двоецот на Јамаха, трката на патеката „Марко Симончели“, ќе ја започне возачот на Сузуки, Марк Вињалес, кој победи на последната трка во Силверстон. Зад Вињалес е лидерот во генералниот пласман Марк Маркез, а потоа следуваат возачите на Дукати, дебитантот Микеле Пиро, кој го менува повредениот Андреа Јаноне и Андреа Довициозо.
Меѓу првите десет пласман изборија Кал Крачлоу, Дани Педроса и браќата Алеш и Пол Еспаргаро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фриленсерството во Македонија - Предности и маани
-
Започна церемонијата за потпишување на Кодекс за фер и демократски парламентрани избори
-
Специјализантите незадоволни продолжуваат со штрајкот
-
100 болни и изнемоштени лица во Штип се пријавиле за гласање во домашни услови
-
Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓаши: Сериозно е нарушена психолошка состојба на децата
-
Со исказ на сведоци денеска продолжи судењето за Пендиков