Спорт плус
19. July 2020 - 19:15

Мото ГП: Прва победа на Квартараро во новата сезона

Во Шпанија се возеше трка од шампионатот во Мотоциклизам. Конечно победа во Кралската класа за Фабио Квартараро кој го искористи инцидентот на Светскиот првак Марк Маркез за прв триумф во новата сезона. 
Квартараро на стартот падна на 4. Позиција но лесно ги мина Милер и Вињалес а по падот на Маркез на четири круга до крајот  првото место му беше обезбедено.  Маркез според информациите заработил скршеница на клучната коска и заврши во болница.