-->
-->
Мото ГП: Лоренцо ја освои Италија
-->
Актуелниот светски првак во кралската класа, Хорхе Лоренцо победи на трката за Големата награда на Италија. Возачот на Јамаха до победата стигна во фото финишот, а во целта за само 19 илјадити делови од секундата беше побрз од сонародникот Марк Маркез на Хонда.
Валентино Роси, кој стартуваше од пол позицијата, немаше среќа на домашната трка во Муџело. „Докторот“, на патеката мина само девет кругови, а потоа се откажа поради дефект.
Шпанците Лоренцо и Маркез водеа голема борба за победата, возачот на Хонда на четири своици до крајот успеа да го мине Лоренцо, кој на крајот сепак се радуваше на победата.
Подиумот го комплетираше Андреа Јаноне на Дукати.
Лоренцо е лидер во генералниот пласман со 115 бодови, десет повеќе од Маркез и 37 бодови повеќе од Роси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски