Москва: Спречен напад врз Алепо, убиени 800 екстремисти
Руската војска соопшти дека е спречен обид на околу пет илјади екстремисти да покренат офанзива југозападно од Алепо, со цел пробивање на опсадата на тој сириски град и оти во операцијата се убиени над 800 екстремисти.
Началникот на главниот операциски оддел на Генералштабот на руската војска, Сергеј Рудској изјави дека тоа се случило во неделата и оти бунтовниците загубиле 14 тенкови, десет други оклопни возила и 60 возила опремени со оружје.
Според него офанзивата е покрената под раководство на групата Џабат ал Нусра.
Тој додаде дека изминатата недела над 250 лица загинале, а 900 се ранети во четири терористички напади во околината на Алепо.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права во меѓувреме соопшти дека најмалку 28 цивили, меѓу кои шест деца загинале во ракетен напад на сириските бунтовнички групи врз Алепо во изминатите 24 часа.
Центарот, чие седиште е во Лондон, нагласи дека цивилите се убиени во југозападниот дел на градот, кој е под контрола на владините сили.
Директорот на Центарот Абдел Рахман изјави дека меѓу загинатите има шест деца и осум жени.
Би-Би-Си јави дека деца во Алепо палат гуми во обид да направат „зона забранета за летови“ над овој град, кој е под опсада.
Децата на тој начин се обидуваат да создадат „димна завеса“ во надеж дека ќе се намали видливоста за бомбардерите.
Новинарот Рами Џарах, кој ги следи случувањата во Сирија наведува дека палењето гуми дава ефект и оти тоа е добра диверзија.
Ново на Сител
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал
-
САД објавија за успешно тестирање на суперсонична ракета
-
Му однел јадење на татко му кој работел на објект паднал и починал, 23 годишник загина во Скопје
-
Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања
-
Парламентот на Грузија забрани маски и пиротехнички средства за време на протести
-
Руанда сака да биде домаќин на трка во Ф1
-
Кривична пријава за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата
-
Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти