Москва: САД да влијаат врз групите кои го кршат примирјето во Сирија
Русија денеска ги повика САД да извршат влијание врз некои од вооружените групи во Сирија, кои одбиваат да ја прекинат борбата против владините сили, наведувајќи дека нивните акции ги попречуваат заедничките напори на Москва и Вашингтон за покренување на мировниот процес во Сирија.
- Силно апелираме до сите оние кои имаат влијание врз прекршителите на примирјето, првенствено американската страна, кончено да се посветат на своите клиенти. Не смее да им се дозволи нивните провокативни акции да ја осуетат можноста за враќање на политичкото решение на сириската криза, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се истакнува дека некои од тие групи отворено изјавуваат дека не сакаат да се дистанцираат од Џабхат Фатах ал Шама, групата претходно позната како Нусра фронт.
Претходно, руската армија соопшти дека примирјето договорено со посредство на Русија и САД се почитува во Алепо.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација