Свет
18. September 2020 - 10:58

Москва погодена од ураган

Москва вчера беше погодена од ураган пропратен со град, грмотевици и силен ветер, поради што во следните два дена прогласено е жолто ниво на опасност.

Обилниот дожд поплави голем број улици во главниот град на Русија.

Метеоролозите од денеска очекуват пад на температурата на воздухот во текот на ноќта до минус еден степен Целсиусов.