Москва има начин да ја држи и цела Европа во дланка, САД малку може
Руското подривање на САД го надминува влијанието на изборите и гласачките кутии на повеќе начини. Од анексијата на Крим и Украина до поддршката на сирискиот претседател Башар Асад, а еден метод, на кој се придава мало внимание, е руската енергетска политика, пишува „Политико”.
Како втор најголем светски производител на приросен гас, Русија има предност над своите европски потрошувачи поради заканите дека ќе го намали снабдувањето, пишува американскиот весник и додава дека новиот гасовод кој Москва има намера да го гради може да ја зголеми таа зависност и потенцијално да го зголеми присуството на германскиот пазар на гас на над 50 отсто.
Оваа политика претставува директен предизвик по американските интереси во Европа и по Втората светска војна и потенцијално може да има ефекти кои ги надминуваат изборните скандали, пишува Политико.
Кон крајот на април гасниот гигант Гаспром потпиша договор за финансирање на својот гасовод „Северен тек 2”, кој би пренесувал гас западно од Санкт Петербург преку Балтичкото море директно во Германија, каде би се дистрибуирал по другите европски земји.
Инфраструктурата на природниот гас е скапа и комплексна изградба, но кога еднаш ќе се постави, цевководите можат да ги променат тековите и односите меѓу земјите со децении.
Ако „Северен тек 2” заживее, ќе ја зголеми зависноста на ЕУ од рускиот гас и ќе го зголеми влијанието на Москва на клучните американски сојузници, наведе весникот.
Воената потрошувачка и дезинформациите до сега беа главна закана за Русија, меѓутоа „Северен тек 2” ќе покаже дека може многу повеќе да влијае од воената сила и здравото медиумско опкружување.
Гасоводот е обид на Русија да ја подели и освои Европа, а тоа што го прави Кремељ толку паметен, а овој напор толку подмукол, е тоа дека „Гаспром” направи атрактивен деловен договор за проект за повеќе европски увозници на гас, пишува „Политико”.
Изградбата на „Северен тек 2” би ја ослабела Европа на три начини.
Прво, тоа би дало на Русија поголемо влијание над Германија и другите европски земји, пишува весникот, пренесе Блиц.
Со таков голем удел на пазарот на природен гас, Германија ќе биде заложник на руската манипулација со снабдувањето, посебно ако Русија одлучи да ја зголеми цената или да ја намали испораката.
Тоа е многу голема моќ за рускиот претседател Владимир Путин, а САД и Германија не треба да претпоставуваат дека Русија никогаш нема да се одлучи да го сруши чеканот, наведува „Политико”.
Второ, гасоводот би овозможил на Русија да ја заобиколи Украина на патот кон Европската унија. Со други зборови, ако Русија сака да го исклучи снабдувањето на Украина со гас, тоа нема да влијае на снабдувањето на Германија со гас, како што е случај и денес.
Русија би можела да има поголемо влијание на Украина така што ќе ги прекине испораките за гас без прекин на испораките на моќните регионални ривали како Германија.
Конечно и можеби најважно е тоа дека новиот гасовод би можел да ги зголеми поделбите меѓу земјите на ЕУ и да ја ослабе нивната одлучност за санкциите поради анексијата на Крим, пишува американскиот весник.
Со продлабочувањето на врските меѓу енергетскиот пазар на ЕУ и Русија, „Северен тек 2” би го одземал товарот од другите странски доставувачи и би ги внел европските земји во сложени економски односи со Русија.
Тоа претставува ризик за санкциите на Русија – европските земји со силни економски врски со Русија се противеа на тие санкции, вклучувајќи ја и Унгарија која моментално преговара за договор за снабдување со гас од Русија, наведува „Политико”.
На крај, загрижува дека Европјаните ја поздравуваат ефтината енергија и соработката со Русија.
Москва веќе покажа подготвеност својата сила да ја искористи како доминантен доставувач на природен гас со цел за принудување во минатото, кога беше прекинато снабдувањето со гас на Украина во 2006 година, во текот на зимата во 2008/2009 година и во текот на судирот во 2015 година.
Историски гледано, Русија исто така стратешки наплати на различни потрошувачи различни стапки и се закани дека ќе го намали снабдувањето за геополитичка добивка.
Земајќи ги предвид потенцијалните последици од „Северен тек 2”, не изненадува тоа што многу европски земји сметаат дека енергијата е главно прашање на националната безбедност, наведе весникот.
Помалите земји на Источна Европа посебно се чувствителни на руската принуда. Полскиот амбасадор, кој разговараше за планираната интеграција на енергетскиот систем на ЕУ, забележа дека без енергетска унија „нема ни Европска унија”.
Всушност, ЕУ и американските политичари ги разбираат овие проблеми и се обидуваат да ја спречат неговата изградба, тврди Политико.
Противниците на гасоводот на двете страни на Атлантикот се надеваат дека драконската примена на енергетските правила на ЕУ или евентуалната одредба за данската национална безбедност која би се разгледувала, може во последен момент да ја спречи изградбата на гасоводот.
Денес речиси е сигурно дека гасоводот ќе биде изграден, наведе „Политико”.
За возврат, САД мора да најде други начини за рамнотежа на растечкото влијание на Русија.
Вмешувањето на Русија во претседателските избори во САД е голема приказна и бара сеопфатна истрага, но енергетската политика на Москва претставува опасност за интересите на САД и Европа, заклучува Политико. вз/ссм/12:20
Ново на Сител
-
Ким: Русија има право на самоодбрана
-
Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти
-
Состојба на патиштата
-
Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти