Москва: Досега се воведени над 6.000 санкции против Русија
Досега против Русија се воведени повеќе од 6.000 санкции, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин.
Поднесувајќи извештај за работата на владата до руската Дума, Мишустин истакна дека санкциите што следувале оваа година биле од невидени размери и дека на Русија и биле воведени повеќе ограничувања од која било друга земја во историјата.
Санкциите се насочени против сите Руси, констатираше премиерот.
Мишустин додаде дека поранешните партнери на Русија се натпреваруваат околу тоа кој попрво ќе воведе рестриктивни мерки и дека целта на санкциите е да се предизвика паника и да се зададе удар врз секој р уски граѓанин, а државите кои воведоа санкции се вратија на својата „типично пиратска практика“ , со што имаат намера да ја отсечат неговата земја од светот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна