Москва демантира дека Русија и САД се договориле за Асад
Официјална Москва денеска ги демнтираше тврдењата дека Русија и САД постигнале договор околу иднината на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Демантот доаѓа по пишувањето на весникот „Ал Хајат“ дека Москва и Вашингто постигнале договор за Асад, како и дека американскиот државен секретар Џон Кери веќе разговарал со неколку арапски земји за иднината на сирискиот мировен процес.
Во тие рамки, весникот тврди дека станало збор и за заминување од власт на сирискиот претседател, но при тоа не е определен временски период кога тоа би се случило.
- Пишувањето на „Ал Хајат“ не одговара на вистината, изјавил во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој нагалси дека Русија се раликува од другите земји затоа што не разговара со никого за прашања поврзани со самоопределувањето на трети земји, било преку дипломатски, било преку други канали.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228