Свет
28. October 2021 - 14:25

Москва делумно затворена поради Ковид-19

Главниот град на Русија, Москва воведе најстроги епидемиолошки мерки од јуни 2020 година поради преоптовареност на болниците со пациенти заразени со Ковид-19 и рекорден број на починати луѓе на дневно ниво.

Москва е делумно затворена, при што е дозволена работа само на аптеките и супермаркетите, а училиштата и државните градинки не работат. Одлуката е донесена по еднонеделното затворање на фабриките во цела земја до 30 октомври.

Жителите на Москва ќе можат да ги напуштаат домовите за разлика од карантинот во летото 2020 година.

Во Русија е многу мала стапката на вакцинирани односно само 36 отсто од граѓаните примиле една доза вакцина против Ковид-19.