Свет
16. January 2017 - 14:32

Московиси: Фантазија е дека другите земји ќе ја следат Велика Британија

Европскиот комесар за економски и финансиски прашања Пјер Московиси изјави денеска дека е фантазија да се мисли дека другите европски земји ќе го следат примерот на Велика Британија и ќе излезат од ЕУ.

Изјавата на Московиси доаѓа како реакција на изјавата на Доналд Трамп кој рече дека примерот на Британија ќе го следат и други европски земји, па и тие ќе ја напуштат Унијата.

- Цената на Брегзит ќе биде значителна и тоа ќе ги одврати другите земји да го следат примерот на Британија, оцени Московиси.

- Не сум загрижен. Сметам дека идејата оти Брегзит ќе стане заразен е фантазија, една лоша фантазија, изјави Московиси пред новинарите во Париз.