Живот
1. July 2018 - 13:41

Морничаво: Еве што се случува со пациентот додека спие за време на операција

Годишно се вршат безброј операции, но малку луѓе го знаат сложениот процес на анестезијата за успивање.
 
Анестезиолог открива што точно се случува откако ќе паднете во длабок сон на операционата маса. Работата на анестезиологот е да ја избрише вашата свест, да ја отстрани болката и да го имобилизира телото за време на операција. Тој го мери вашиот пулс додека спете, го проверува дишењето и крвниот притисок.
 
“Имам направено преку 30.000 анестезии за време на својата 30 годишна кариера. Имав луѓе од сите возрасти, од новороденче до пензионер. Пациентите во мене имаат доверба, иако ме запознаваат само неколку минути пред хируршкиот зафат. Ќе ви откријам што пропуштате додека спиете” најавува Хенри Џеј за Daily Mail.
 
ЗОШТО НЕСМЕЕТЕ ДА ЈАДЕТЕ?
Сигурно знаете дека не треба ништо да јадете пред операција. Тоа е бидејќи анестезијата ги опушта мускулите и ги исклуцува рефлексите. “Вентилите” кои се наоѓаат меѓу грлото и желудникот се опуштаат и дозволуваат содржината да отиде во устата.
 
Ако храната зврши во дишните патишта, пациентот може да се задуши или киселината од желудникот може да го оштети белодробното ткиво. Обично на пациентите им се советува да не јадат ништо од 6 до 8 ќаса пред операција бидејќи желудникот не треба да биде полн. Мрсната храна произведува тешка киселина на која и требаат 8 часа за да се отстрани од стомакот.
 
НЕКОИ ПАЦИЕНТИ СЕ СЕЌАВААТ НА СЕ
Веќе еден ипол век откако се покажало дека инхалацијата на етерскиот гас е најдобро сретство за успивање, сеуште не се знае одговорот на основното прашање: “Како работи анестезијата?” Постои расправа за тоа дали таа спречува формирање на помнење за време на операција.
 
За да се осигура целосна анестезија, понекогаш за време на постапката се даваат и дополнителни лекови. Се очекува дека ниту еден пациент нема да се сеќава што се случувало додека биле во длабок сон, но некои се сеќаваат.
 
“Четиригодишно девојче имало повторена операција по отстранување на тумор од мозокот, кога хирургот кажал дека доживеала присетување на операцијата. Неколку дена после хируршкиот зафат, за време на утринската визита, девојчето го прашало докторот “Доктори што е тоа бледер?” За време на операцијата, хирургот му кажал на својот помошник да го запали отворениот крвен сад, бледер. Не постоело начин четиригодишното девојче да го знае тоа. Се погрижив за време на нејзината нега таа да не се присети на нешто друго” кажува анестезиологот.
 
НА ПОСТАРИТЕ ЛУЃЕ ИМ ТРЕБА ПОМАЛА ДОЗА
Процената за количината на инхалираниот гас, кој е неопходен за постигнување на состојба на кома, не се разликува според видот или големината, било тоа да е глушец, слон или човек. Всушност, голема промена настапува со годините, колку се постари, толку помалку гас е потребен.
 
Тоа неможе да се каже и за анестезиските лекови кои се примаат преку инекција. Потребната количина се зголемува како што се зголемува потрошеното ниво на кислорот. Малите видови имаат тенденција да консумираат повеќе кислорот по килограм, за разлика од поголемите видови и како резултат на тоа, дозата по килограм на анестезискиот лек која му е дадена на човек може да убие слон, но не и глушец.
 
Вообичаено се користат три вида на гас: десфлуран, изофлуран и севофлуран. Севофлуран е најпопуларен и тој за прв пат се користел во 1864 година, но драматично го намалува време до губење на свеста. Потребни се само осум до десет вдишувања за пациентот да заспие.
 
“Последен напор за спасување на живот е епинефин. Има посебно место во мојот сеф кој го нарекува “О не!”. Стои на врвот на машината за анестезија, веднаш до мониторот. Кога некој во салата ќе каже “О не” јас рефлексно го зимам шприцот со епинефрин. Хормон, кој понекогаш се нарекува адреналин, се збризнува во срцето и го зголемува крвниот притисок. Тој е спасувач на живот” кажува експертот.
 
ЗОШТО ПОСЛЕ БУДЕЊЕТО СТЕ ЗБУНЕТИ?
Постои длабоко верување дека анестезијата краде нешто од умот на пациентот. Прерано пуштање на семејството кај пациентот во собата за опоравување само го зголемува ова верување. Во споредба со секоундите кои се потребни за да делува анестезијата, потребно е многу подолго време за да престане да делува. Пациентот е во состојба да одговори на наредби набрзо после операцијата, но препознавање на барањата е повисока функција која последна се враќ, објаснува докторот