Македонија
19. May 2019 - 16:28

Морбилите се шират во Охрид и Струга пред летните одмори

Заразата со морбили продолжува да се шири во охридско –струшкиот регион.Од почетокот на епидемијата во Охрид пријавени се 28 слачаи на заболени додека во Струга 119.Меѓу заболените мометално има 8 здравствени работници во струшкото хируршко оделение и 4 ученици од Охрид.Епидемиолозите велат дека секојдневно има појава на еден до двајца заболени особено последниве две недели.

Сите заболени се во стабилна здравствена состојба со лесна клиничка слика . Откако е прогласена епидемијата на мали сипаници, зголемен е бројот на родители кои ги носат своите деца на вакцинација, но и многу возрасни барале да бидат вакцинирани.

Здравствените работници апелираат строго да се почитува забраната за посета на болни лица бидејќи заразата ќе продолжи да се шири .