Балкан
3. October 2015 - 12:09

Монструозно - Убиен познат хирург

Полицијата во Никшиќ го уапсила Жарко Павиќевиќ (73) поради сомневање дека си го убил братот, хирург во пензија, Рајко Павиќевиќ (75), соопшти црногорската полиција.
 
Жарко е осомничен дека со тап предмет му нанел повеќе смртоносни повреди на главата и вратот на братот Рајко. Тој е донесен во медицинскиот центар во Никшиќ околу 22 часот и 30 минути со видни повреди на главата.
 
Телото на починатиот е предадено на Одделениото за судска патологија каде е направена обдукција. Резултатите покажале дека се работи за насилна смрт. По спроведените полициски активности за расветлување на овој случај уапсен е Жарко Павиќевиќ, роден брат на жртвата.