Бизарно но вистинито
29. September 2015 - 12:56

Монструозно дело кое го шокираше целиот свет - Си ја задавил ќерката поради...

Педест и едно годишен пакистанец од Германија, ја убил ќерка си Лариб (19) оти, како што вели, „го обесчестила семејството" со нејзината љубов кон момчето кое татко и не и го одбрал. На Кан и неговата сопруга ќе им биде судено поради убиство
 
 
Асадула Кан (51), Пакистанец од Германија, ја убил ќерка си Лариб (19) оти, како што вели, „го обесчестила семејството“ со нејзината љубов кон момчето кое татко и не и го одбрал. На Кан и неговата сопруга ќе им биде судено поради убиство.
 
Пакистанецот со голи раце ја задавил ќерка си и потоа го признал злосторството оправдувајќи го со тоа дека тој смета оти девојката го обесчестила семејството. Таа била фатена при кражба на кондоми оти сакал да има сексуален однос со нејзиното момче од Германија, додека татко и не ја одобрувал таа врска.
 
Откако ја убил, заедно со сопругата Шазиб ја облекол и со автомобил ја однел на напуштен насип во близина на Дармштат во Германија, каде тројцата живееле последните неколку години.
 
Таткото и мајката на Лариб сакале да и договорат брак, како што и нивните родители сториле за нив, но таа не сакала да се согласи на тоа.
 
Девојката неколку ноќи спиела надвор од дома и не го покривала лицето, а потоа нејзините родители добиле повик од полицијата - им било кажано дека нивната ќерка е фатена при кражба на кондоми. Кога сфатил дека врската на ќерка му се развила до сексуални односи, Асадула збеснал и ја убил.
 
Родителите ноќта кога се случило убиството, во јануари годинава, ја испратле сестрата на Лариб Нида (14) кај роднини, за што Нида сведочеше пред судот велејќи дека мајка и била еднакво строга како и татко и кој сакал насила да ја омажи сестра и во Пакистан.
 
Мајката пред судот изјави дека била болна и слаба и дека не можела да се справи со бесот на сопругот.
 
Судењето на Асадула и Шазиб е во тек, пишува Дејли мејл.