Македонија
22. September 2016 - 13:45

Монструм: Силувал кумановка во нејзиниот дом

Вчера околу 15,20 часот во ПС-Старо Нагоричане, Ж.Д. (59) од Куманово, пријавила дека истиот ден околу 15,00 часот додека била сама во нејзината куќа во село во Општина Старо Нагоричане дошол Д.В. (42) и со употреба на физичка сила ја присилил на обљуба, вршејќи други полови дејствија. 
 
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Истиот ден околу 16,20 часот од страна на полициски службеници осомничениот бил пронајден и приведен.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.