Свет
26. October 2015 - 14:02

Монструм: Силувал 4-годишно девојче, па ја фрлил на железничката пруга

Силувано 4-годишно девојче во Индија. Очајните родители на девојчето кое живее во тешка сиромаштија претпоставиле дека силувачот  ја измамил со храна или колачи. 

Индиската полиција спровела истрага поради силување на 4-годишното девојче кое во петоткот се случило. Таа е пронајдена покрај железничката пруга, без свест, а телото и било цело расечено. 

Со тешки повреди е пренесена во болница каде е оперирана, а нејзината состојба е и понатаму тешка.