Македонија
21. August 2016 - 13:11

Монструм од Гостивар: Извршил полов напад врз четиригодишно девојче!

Во Полициската станица-Гостивар завчера пладне 33 годишно лице од Гостивар пријавило дека еден ден претходно околу 13 часот бил извршен полов напад над неговата четиригодишна ќерка, од страна на Д.В. (1952) од Гостивар.

Како што информира МВР, лицето откако го повикало девојчето во неговиот дом да го види аквариумот кој го поседувал, и рекол да му седне во скут, по што извршил полови дејствија врз девојчето. Во тој момент девојчето било повикано од страна на родителите, по што ја напуштила куќата.

Од страна на јавен обвинител на Д.В. му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа и е спроведен во Казнено поправната установа -Тетово.