Монструм ја тепал, сечел и горел жената пред очите на децата: Тато ја тепаше и ја гореше мама!

-Беше страшно! Тато ја тепаше и ја гореше мама! - раскажа во полицијата девојчето, ќерка на Марија Феризовиќ (21) од Калуѓерица која беше брутално претепана и мачена од страна на нејзиниот невенчан сопруг Ахмед Маринковиќ (40).
Тој е уапсен по невидената тортура над несреќната жена, која ја сечел со жилет и ја жигосал со железо на главата.
Хоророт во куќата во Калуѓерица во која Марија и Ахмед со три деца живеат како потстанари, траел два дена. Осактената Марија, која по ѕверскиот напад полудениот Ахмед ја оставил сама и заклучена, собрала сила да го повика соседите да и помогнат.
Кога полицијата влегла во станот, затекнала глетка од која се леди крв во вените. Жената била гола со бројни исеченици, намачкана со измет и со последните атоми од својата сила молела да и помогне.
-Ахмед прво ја тепал Марија, и тоа толку жестоко што очите и биле затворени од отоците. Меѓутоа на насилникот тоа не му било доволно, па ја ишишал и и ја избричил главата, велат од полиција и додаваат:
И го испосекол лицето
-Ни тоа не му било доволно на монструмот, па кутрата жена со истиот жилет ја сечел по лицето, а потоа со вжештено железо ја жигосал на чело. Уринирал по неа за да ја разбуди, и ја терал да го јаде неговиот измет. Потоа ги зел децата и заминал, а неа ја заклучил/
Полицијата ја одвела несреќната жена заедно со децата до Итната служба во Калуѓерица од каде е префрлена во Ургентниот центар.
Сосед монструм
-Таа во средата наутро е пуштена од болница и потоа со мајка и отишла во полициска станица да даде изјава. Изгледа ужасно, повредите и се видливи по целото тело. Страшно е тоа што децата гледале како таткото се изживвуа врз мајката. Ниту едно од нив не смеело да писне од страв. Најстарото девојче има 5 години и зборуваше: „Тато ја тепаше и ја гореше мама“, вели извор од полицијата.
Станот во кој невенчаната двојка живеела со трите деца вчера бил заклучен, а соседите не можат да веруваат дека во Ахмед се криел таков монструм.
-Се доселија тука пред две години. Имаат две девојчиња и син. Најстарата има 5 години, синот околу две, а најмалото дете има година. Не се дружевме, но дека е таков монструм не знаевме. Несреќната жена сигурно од страв не смеела да побара помош, вели соседот.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1 300 до 1 800 евра
-

За еден месец 101 санкции за непрописно вградени фолии
-

Студено утро, најниска температура измерена во Берово
-

Првите три етапи на Џиро д’Италија 2026 ќе се возат во Бугарија
-

Глоби и други санкции за прекршоците утврдени со „Безбеден град“, известувањата ќе се добиваат преку СМС и на е-маил
-

Дабл-дабл на Дончиќ недоволен Лејкерси да избегнат пораз од Феникс
-

Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-

Нормализиран железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот во МЖ Транспорт

