Македонија
7. November 2015 - 12:36

Монографија и изложба во чест на Васил Иљоски

 Во Домот на културата во Крушево денеска ќе биде отворена изложба и ќе биде промовирана монографија во чест на Васил Иљоски. Ќе бидат прогласени и победниците на литературниот конкурс посветен на Иљоски. 

Васил Иљоски е македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и истакнат педагошки работник. Бил член на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија. Роден е во Крушево на 20 декември 1902, а починал во Скопје на 1 ноември 1995. Негови најпознати дела се пиесата „Бегалка“, комедијата „Чорбаџи Теодос“, драмата „Чест“ и други. 

Настанот е во организација на Здружението на граѓани „Академик“ и е дел од програмата од национален интерес од областа на културата за 2015 година. Поддржан е од Министерството за култура.