Џет-Сет
5. February 2017 - 14:22

Моника Белучи прекриена со кавијар

Актерката Моника Белучи по правило привлекува внимание незавино од тоа каде и во каква ситуација ќе се појави.

Последно во таа низа е една фотографија, која актерката ја објави на својот налог на Инстаграм.

Станува збор за фотографија од една фото сесија на која 52-годишната Моника е гола, но торзото и е прекриено само со кавијар.

Снимката на „една од најубавите жени на светот“ е дело на фотографот Фабрицио Фери.

Фотографијата ќе биде објавена на насловната страна на магазинот „Ескир“, а покрај неа Моника објави уште неколку снимки од оваа сесија со Фери.