Монд: Руси вмешани во кибер напади врз предизборниот тим на Макрон
Две хакерски групи поврзани со руските разузнавачки служби биле вмешани во кибер напади врз тимот од предизборната кампања на францускиот претседател Емануел Макрон за време на претседателските избори во 2017 година, пишува парискиот весник „Монд“.
Аферата со хакерските напади врз тимот на Макрон за време на предизборната кампања, позната во Франција како „Макронликс“ доведе до тоа во јавност да протечат содржини од повеќе електронски пораки на Макрон непосредно пред вториот круг од претседателските избори.
Весникот наведува дека имал увид во извештајот на специјалните истражители на Гугл за хакерските напади, како и во истрагата на компанијата специјализирана за кибер напади „Фајер ај“ (FireEye).
Експертите на Гугл и компанијата „Фајер ај“ заклучиле дека во хакерскиот напад координирано учествувале две групи хакери поврзани со Русија.
„Монд“ пишува дека во документите е наведено дека хакерскиот напад имал за цел „да ги дестабилизира претседателските избори во Франција во 2017 година“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација