Македонија
3. јуни 2021 - 10:11

МОН: Исплатени се ученичките и студентските стипендии за јуни

Министерството за образование и наука информира дека се исплатени средствата за ученички и студентски стипендии за јуни 2021 година.

– Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во земјава, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно со Шангајската ранг-листа, на своите трансакциски сметки ја добија јунската стипендија, соопшти МОН.

Министерството додава дека оваа практика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии воспоставена на почетокот на 2021 година, ќе продолжи да се реализира и во следниот период, како мотив и поддршка на учениците и студентите во процесот на нивната едукација.