Живот
27. October 2017 - 10:02

Момче се разбуди на својот погреб: Ожалостеното семејство во шок го гледало како дише во ковчегот

Семејството на младиот Перуанец кој починал по операција на заби, проговори за шокот што го доживеале кога на погребот изгледало како момчето да дише, пишува Индипендент.

Трупот на Вотсон Френклин Мандуан Доротео од градот Тинго Марија бил во ковчегот кога некои роднини забележале дека белите дробови му се креваат и спуштаат и дека момчето всушност дише. Доротео на 21 октомври докторите го прогласија за мртов откако добил треска и температура по операцијата на забите.

Но, на бдеењето на кое биле присутни повикале доктор кога видела дека знаците за живот се очигледни. Како што пишува аргентинскиот весник Лос Андес, докторот стигнал и потврдил дека Доротео покажува знаци на живот. Него потоа го изнеле од ковчегот и веднаш го префрлиле во болница, каде за жал на семејството потврдено е дека е мртов.

Роднините на починатиот тврдат дека тој можеби цело време бил жив, но под седативи кои ги добил бо текот на операцијата.

-Му дале диајзепам, вели еден член од семејството.

Во светот останаа забележани неколку случаи на движење на мускулите по смртта.

Но, има многу случаи каде луѓето првобитно, по грешка ги прогласувале за мртви. Во март 2014 година Волтер Вилијамс (79) од Америка е пронајден жив зошто буквално се прпелкал во вреќата во која се чуваат мртовци, додека да ги подготват за балсамирање. Конфузијата наводно настанала зошто му се исклучил пејсмејкерот.

Во Египет во 2012 година, погребот на еден келнер се претвори во славење откако докторот кој ја утврдил смртта кај 28-годишното момче, сфатил дека тој е жив и покрај срцевиот удар што го доживеал на работа.

Девојче (3) од Филипини во 2014 година се разбуди во ковчег во текот на погреб. Доктор кој бил присутен рекол дека таа навистина е жива, и семејстовото го откажало погребот и девојчето го донеле дома. Меѓутоа мајката подоцна рекла дека ги донел во заблуда докторот шарлатан , зошто лекарите во болница утврдиле дека девојчето било мртво цело време.