Македонија
17. September 2018 - 11:01

Момче и девојка од Скопје тешко повредени со сообраќајка со мотоцикл кај Кадино

Вчера во 11.30 часот на крстосницата од регионалниот пат Скопје-Велес и локален пат за с.Кадино се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Лифан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Г.(27) од Скопје и патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(32) од Куманово.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека неговата сопатничка К.Ј.(28) од Скопје се здобила со телесни повреди.

Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.