Молотови коктели, солзавци и пендреци кај насилниците од СДСМ и СОРОС

Информациите говорат дека поголеми количини на молотови коктели, солзавци и пендреци се забележани кај луѓето од СДСМ и СОРОС кои денес продолжуваат со протестите кои според реториката и очекувањата повторно ќе бидат насилни.
Многу од присутните пред Собранието се забележани со црни ранци. Во текот на вчерашниот ден имаше насилство од истите лица врз полицијата, брутално беше кршен инвентар и државен имот. Сега предвидувањата се дека истото ќе се повтори.
Информациите говорат дека насилниците од СДСМ кои вчера дивееја во Скопје, вечерва уште поорганизирано се спремаат да настапат, да кршат, предизвикуваат штети, и физички да се пресметуваат со невини граѓани и полицајци.
Медиумите денеска објавија дека за таа задача се мобилизирани луѓе со дебело криминално досие блиски до СДСМ. Во игра биле и навивачките хулигани блиски до СДСМ, а и платеници кои за своето дивеење веќе добиле пари.
Со принуда и закана за бркање од работа на сила биле повикувани да доаѓаат во Скопје вработените во општините каде СДСМ се на власт Куманово, Струмица, вклучително и центар. Целите им е со молотови коктели да напаѓаат институции и недолжни граѓани.
Од сите општини спремаат познати криминалци со дебели досиеја. Групи од 200 до 300 души хулигани од СДСМ ќе се движат по улици и ќе кршат институции, ќе напаѓаат недолжни граѓани, велат информациите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
