Loading Video...
Спорт плус
4. April 2018 - 15:19

МОК започна со одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот

 
Македонскиот олимписки комитет (МОК) во партнерство со општините и основните и средните училишта од општините Карпош, Чаир, Прилеп и градот Скопје, оваа недела, заеднички ја одбележуваат манифестацијата „6 Април-Меѓународниот ден на спортот за развој и мир“. Преку проектот на МОК, Мали Олимписки Игри и преку акцијата која е посветена на промоцијата на Олимпизмот и спортот, образованието, здравиот начин на живот, развојот и мирот во светот, голем број на граѓани, млади спортисти и ученици учествуваа во славењето на овој глобален настан, искажувајќи ја својата посветеност и поддршка, но и порака за важноста на развојот на спортот и Олимпиското движење во Република Македонија.
 
Македонскиот олимписки комитет на С.У.Г.С. “Георги Димитров“,  О.О.У. “Аврам Писевски“ – Бардовци од општина Карпош и О.О.У. “7 Март“ од општина Чаир како и на учесниците на манифестацијата во градот Прилеп им подари спортска опрема, книги и други реквизити за потребите на училиштата. На настанот кој се одржуваше во училишниот двор и спортските терени на училиштата, присуствуваа голем број на спортисти и спортски работници, наставници по физичко воспитание и образование, претставници од Македонскиот олимписки комитет, како и градоначалниците на Општина Карпош, Стефан Богоев, на општина Чаир, Висар Ганиу, а за утрешната манифестација ќе биде присутен и градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.
 
Генералното Собрание на Обединетите Нации  на 23 Август 2013 година, усвои Резолуција со која 6 Април се прогласува за Меѓународен ден на спортот за развој и мир. По тој повод, целото олимписко и спортско семејство, но и сите држави во светот, го посветуват односно го слават овој ден на Спортот за развој и мир и низ целиот свет се организираат вакви и слични спортски, културни и уметнички манифестации.