Спорт плус
11. јуни 2021 - 10:52

МОК предлага признавање на 6 меѓународни федерации меѓу кои и ВАКО

Во името на ВАКО (Светската асоцијација на кикбокс федерации), во името на сите членови на ВАКО и од мое лично име како претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, чест и задоволство е да ја споделиме со јавноста веста за тоа дека - 10 јуни 2021 година е историски ден за ВАКО и за кикбокс спортот воопшто!

Имено, Извршниот одбор на МОК (Меѓународниот олимписки комитет) предлага целосно признавање на шест меѓународни федерации, од кои едната е токму ВАКО!!!

Во прилог е линк до соопштението за јавноста од МОК, писмото добиено од МОК и писмото од претседателот на ВАКО - г-дин Рој Бејкер. 

Ние го направивме тоа. Честитки ВАКО!

 

Претседател на КМФМ м-р Дејан Митровски - Урко