Мојот дедо е и мој татко, завршил во затвор а мојата мајка се обесила!
Рексан Џонс (23) од САД е дете родено од инцест. Нејзиниот дедо сексуално ја злоставувал нејзината мајка која останала бремена.
"Ми беше и дедо и татко, а неговите седум деца беа мои тетки и чичковци, но и браќа и сестри", вели Рексан.
Раскажува како нејзината мајка со години трпела малтретирање и сексуално злоставување. Нејзиниот татко ветил дека нема да ги допре нејзините браќа и сестри ако таа молчи.
"Мајками избегала од дома кога имала 18 години бидејќи сфатила дека нејзиниот татко никогаш нема да си го оддржи ветувањето. Одлучила да го пријави мојот дедо во исто време кога и нејзините браќа се одлучиле да го пријават", раскажува Рексан.
После тоа семејството се изолирало од секаков контакт со општеството а мајката на Рексан тврдела дека останала бремена со работник од хотел во близина.
На крај, сепак попуштила и признала дека Рексан е дете на инцест.
Мојот дедо и татко беше затворен, додека пак мојата мајка се обеси.
"И ДНК анализата го покажа истото, мојот татко е осуден на 20 години затвор поради сексуално злоставување и инцест", раскажува Рексан.
Сепак злоставувањето која нејзината мајка го доживеала оставило траги.
"Мојата мајка започна да користи дрога а имала и дечко. Започнале да ме злоставуваат, да ме сликаат а фотографиите да ги продаваат како детска порнорафија. Мајками се обеси во авугст 1996 година, кога сум имала 5 години".
После тоа за нејзе се грижи нејзината баба која ја тепа и психички ја малтретира, а Рексан останува бремена на 16 години, по што нејзниот живот целосно се менува.
"Престанав да пијам алкохол и се концетрирав на тоа на своето дете да му пружам и овозможам живот поубав од мојот".
Кога отишла да се породи во болница, лекарите ја пријавиле на социјалните работници бидејќи нејзиното тело било цело со модринки.
Мојот татко и дедо заврши во затвор а мојата мајка се обеси.
"Имав среќа, тоа беше истиот социјален работник кој помогна и на мајка ми. Ме посвои заедно со детето по што започнавме нормален живот. Завршив школо а подоцна се омажив за таткото на детото, мојата љубов. Родив уште еден син, а мојот сопруг стана маринец", раскажува Рексан.
Признава дека се борела со депресијата и дека завршила во болница за психички блести, а подоцна се развела од мажот.
"Имам многу добри пријатели. Новата жена на мојот поранешен маж исто така ми е пријателка која многу ми помага. Имам и куче како терапија кое ме смирува кога имам напади на паника", вели Рексан.
Многу сака животни и во слободно време помага во ветеринарната амбуланта. Нејзините синови денес имаат 6 и 4 години, и не знаат многу за животот на својата мајка.
"Се што знаат за моето минато, е дека сум сирак и дека сум посвоена", завршува Рексан.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ