Балкан
17. May 2018 - 8:34

Могерини: Лидерите на Србија и Косово се подготвени за интензивна соработка за нормализирање на односите

Лидерите на Србија и Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи се подготвени за интензивна соработка со цел нормализирање на односите во рамките на политичкиот дијалог со посредство на ЕУ, соопшти службата за надворешна политика на Унијата по преговорите на двајцата лидери со Федерика Могерини во Софија, каде што денеска ќе се одржи самит ЕУ- Западен Балкан.

- Двајцата лидери ја потврдија подготвеноста да ја продолжат интензивната соработка со високиот претставник на ЕУ за постигнување на сеопфатна нормализација на односите, што е клучен елемент за трансформацијата на целиот регион, стои во соопштението.

Брисел бара да се реши конфликтот меѓу Белград и Приштина и посредува во нивните дијалог.