Македонија
9. May 2016 - 16:33

Могерини: Идејата за обединета Европа е во егзистенцијална криза

66 години по шумановата декларација, планот за организирана Европа и желбата повеќе да нема војни на најстариот континент, денеска повторно се соочуваме со закана за опстанок. Првпат во својата историја Европа е во егзистенцијална криза, така е тврди Могерини зошто Европјаните почнаа да ја играат својата улога само повремено или само кога ним тоа им е потребно. Ниту тероризмот, ниту мигрантите не можат да и наштетат на Европа онолку колку што самите може да ги поткопаат нејзините темели.

- Егзистенцијалните закани доаѓаат од внатрешноста на нашите граници. Нашата Унија е во опасност кога градиме ѕидови место да ги уриваме и кога се однесуваме како „Европејци на одредено време“. Повикуваме помош кога ни е потребна, но не сме подготвени да помогнеме. Она што ни е потребно е лидерство, а не популиза. Треба да ја заштитиме Европа, и треба да ја реформираме. Време е да ја промениме нашата Унија, за да ја заштитиме Унијата, порачува Федерика Могерини.  

Дали навистина Европа стана единственото место на светот со неограничена слобода, прва помеѓу големите и цврста помеѓу сојузниците. Кога големата шесторка го стави потписот на првиот заеднички документ имаше поинакви планови, а не нови закани за раздвојување. Денеска мирот во Европа повторно е ставен на тест. Големите сакаат да заминат, малите да станат дел од единственото семејство. Кога економијата ги сплоти, а семејството почна да расте Европа ја доби силата. 28 ѕвездички денес се многу, но очигледно не и довло за единствена и обединета Европа.