Могерини: ЕУ го губи угледот поради односот кон бегалската криза
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини оцени денеска дека односот на ЕУ кон бегалската криза е штетен за нејзиниот углед, предупредувајќи дека тоа би можело да доведе до губење на влијанието, но и меѓународниот кредибилитет на Унијата.
- Мораме да бидеме кредибилни и во рамки на своите граници да го правиме она што го бараме надвор од нашите граници. Ние се обидуваме во другите делови од светот да ги промовираме нашите вредности. Но тоа не функционира доколку не можеме тоа да го направиме дома, да покажеме почитување кон малцинствата, почнувајќи од муслиманите, истакна Могерини.
Според неа, дејствувањето на ЕУ по прашањето за бегалската криза веќе е штетно за надворешната политика, а внатрешните поделби се чувствуваат ширум светот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Ахмети до Мицкоски: Внимавај што зборуваш, Мицкоски му возврати да се подготви за опозиција