Македонија
12. September 2021 - 16:37

Модуларните болници во Охрид и Струга се полни, никој до сега не одбил хоспитализација

Модуларните болници во Охрид и Струга полни со пациенти. По несреќата во Тетово докторите велат дека нема граѓани позитивни на Ковид-19 кои одбиле сместување.Во охридската болница моментално има 50 тина хоспитализирани лица од кои 16 се на кислородна поддршка меѓу нив има и еден турист од Хрватска кој бил на одмор во Охрид и се заразил.

Карактеристично за овој бран, е зголемениот број на помлади пациенти со потешка клиничка слика.Но во истовреме како што посочуваат од струшкиот Здравствен дом расте и интересот за вакцинација. Дневно на вакциналните пунктови во Струга се вакцинираат околу 400 лица, а вкупно се имунизирани 23 000 граѓани.

Од здравствените установи велат дека строго се забранети посети на ковид болни пациенти, кои се лекуваат. Роднините не смеат да влегуваат во модуларните болници, и инфективните одделенија поради опасноста од ширење на вирусот.Инаку според податоци на  министерството за здравство само во последните 24 часа во Охрид се регистрирани 18 додека во Струга 15 нови случаи на Ковид 19 . Моментално во Охрид има 572 додека во Струга 631 активни лица.