-->
-->
Модриќ е во Италија, се чека состанок со претседателот на Реал
-->
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, кој е цел на Интер, а сигурни извори блиски до него изјавија дека нема против да се пресели во Милано, е на одмор во луксузното одморалиште Ромацино на Сардинија.
Хрватот потоа треба да се врати во Мадрид и според пишувањата на Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо, тој треба да се сретне со Флорентин Перез. Фановите на Интер се надеваат дека Модриќ на претседателот на Реал Мадрид, ќе му каже дека на прагот на 33 роденден и шест години поминати во Реал Мадрид, со кого освои сè можно, има желба за нов предизвик.
Јасно е дека состанокот в понеделник ќе ја разјасни ситуацијата со Модриќ, кој сензационално се претвори во една од најголемите ѕвезди во летниот трансфер период. Написите во реномираните и релевантни италијански медиуми велат дека Интер тргнал во напад за халфот на Реал Мадрид, кој освои четири титули во Лигата на шампионите во последните пет години, предизвика бура и ја принуди „Марка“, најчитаниот шпански весници и гласило на Реал Мадрид, сред ноќ да напише текст дека Модриќ не оди никаде.
Во исто време, еуфоријата расте во и околу Интер. Гигантот по шест години се враќа во Лигата на шампионите, за чија намена ги донесе Наинголан, Политано, Лаутаро Мартинез, Де Вриј, Асамоа, како и Врсаљко. Ако дојде Модриќ, тоа дефинитивно би значело напаѓање на Скудето, кое последен пат беше на „Џузепе Меаца“ пред седум години.
Затоа клубот целото внимание го насочува кон Модриќ. Додека не се дознае решението по неговата средба со Перез, Интер практично го сопре трансферот на Артуро Видал од екипата на Баерн, особено откако претставниците на Модриќ реагираа позитивно, откако оперативците на Интер им пристапија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење