Модната легенда Ралф Лорен заминува од водечкото место во компанијата
Ралф Лорен по 48 годни на чело на компанијата која го носи неговото име го препушти местото на првиот оперативец, соопшти компанијата Ralph Lauren Corporation.
На местото извршен шеф во ноември ќе го замени 41-годишниот Стефан Ларсон, кој беше еден од главните оперативци во шведската модна компанија Hennes &Mauritz (H&M), а од 2012 година беше на позицијата глобален претседател на модниот синџир Old Navy, кој припаѓа на конгломератот Gap Inc.
Ралф Лорен ќе ја задржи позицијата извршен претседател на компанијата и ќе има водечка улога во креативноста.
- Моја работа е секогаш да мислам на иднината на нашата фирма и како да одиме нанапред. Бевме водечки во нашата индустрија речиси 50 години, а ова е само почеток, вели 75-годишниот дизајнер.
Ларсон најави дека се радува на можноста за директна соработка со модната икона како што е Ралф Лорен, чија визија и креативност на бреднот „Ралф Лорен“ го направи еден од највлијателните во светот.
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот