Живот
12. September 2016 - 21:54

Модерни пештерски луѓе: Немале своја куќа па од пештера направиле неверојатен дом

Оваа двојка од југозападната кинеска провинција Сечуан живее во пештера дури 54 години.

81-годишниот Лијанг Жифу и неговата 77-годишна сопруга Ли Сујинг основаа семејство и израснаа четири деца во пештера во кинеската покраина Сечуан. Како млади се преселиле во пештерата зошто немале куќа во селото кога се венчале.

Решение Лијанг нашол во блиската пештера која толку ја оспособил што може да се нарече вистински дом. Денеска, пештерата има три сплни соби, кујна, дневна соба и свињарник.

Локалните власти се обиделе да му најдат подобро сместување, но старата двојка одбила зошто како што велат, во пештерата налето е поладно, а в зима е потопло.