Свет
24. December 2020 - 9:41

Модерна верува дека нејзината вакцина е ефикасна против новиот вид коронавирус

 Компанијата Модерна синоќа соопшти дека очекува имунитетот стекнат со нејзината вакцина против коронавирусот да биде заштита и против новиот вид на вирусот што се појави во Велика Британија.

Компанијата ја изнесе таа проценка врз основа на претходни податоци.

Модерна наведува дека планира да спроведе тестирање за да ја потврди ефикасноста на вакцината против кој било вид на вирус.