МНР организираше нови чартер летови за враќање на македонски граѓани од Словенија и Германија

Министерството за надворешни работи информираше дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство на Република Македонија, за денес и утре организираше чартер летови за враќање на македонски државјани во земјата.
– Од Словенија направена е репатријација на 126 лица, кои пристигнаа на скопскиот аеродром и се упатуваат во задолжителен државен карантин. Во попладневните часови ќе бидат вратени наши граѓани од Минхен, а за утре се предвидени два лета од Берлин и Келн/Бон, соопштија од МНР.
Од Министерството наведоа дека чартер летовите ги реализира авиопревозникот Wizzair, којшто за овие четири дестинации на јавниот повик од Владата на Република Македонија, понуди најниска цена. Цената за авио билетот, како што посочија од МНР, се определува од вкупната цена на летот поделена со број на патници.
Министерството за надворешни работи упати благодарност кон надлежните власти во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија, и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.
Од МНР наведоа дека продолжуваат со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство.
Ново на Сител
-

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Познат доктор и поранешен градоначалник го одбил Филипче
-

Опозицијата ѝ понуди помош на Владата по корупцискиот скандал во Платежната агенција
-

Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда, надлежните ветуваат ефикасност
-

Ѓорѓиевски: Затвореници на платен список во Комунална, истрагата да се прошири и во Град Скопје
-

ДКСК ги отфрли сите изборни предмети
-

Токсиколозите со предупредување - во сезоната на печурки внимавајте какви плодови собирате!
-

Се бара решение за 550 вработени во „Лукоил Македонија“
