МНР организираше нови чартер летови за враќање на македонски граѓани од Словенија и Германија

Министерството за надворешни работи информираше дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство на Република Македонија, за денес и утре организираше чартер летови за враќање на македонски државјани во земјата.
– Од Словенија направена е репатријација на 126 лица, кои пристигнаа на скопскиот аеродром и се упатуваат во задолжителен државен карантин. Во попладневните часови ќе бидат вратени наши граѓани од Минхен, а за утре се предвидени два лета од Берлин и Келн/Бон, соопштија од МНР.
Од Министерството наведоа дека чартер летовите ги реализира авиопревозникот Wizzair, којшто за овие четири дестинации на јавниот повик од Владата на Република Македонија, понуди најниска цена. Цената за авио билетот, како што посочија од МНР, се определува од вкупната цена на летот поделена со број на патници.
Министерството за надворешни работи упати благодарност кон надлежните власти во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија, и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.
Од МНР наведоа дека продолжуваат со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство.
Ново на Сител
-

Андоновски: Следен чекор е создавање на Владин центар за одговор на сајбер инциденти
-

Од 1300 македонски војници од Вардарскиот полк само петмина ја преживеале битката кај Костолачка Коса во Првата светска војна
-

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка
-

Возел со брзина од 107 километри на час на место каде е дозволено 50, приведен 38-годишник
-

Пoчинa пoeтeсaтa д-р Слaвицa Свидерскa
-

Седум до десет продолжени викенди во 2026, ова се сите неработни денови
-

На аеродромот во Атина запленети над 1,6 милиони парчиња цигари
-

РКЕ не очекува било какви поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија
