МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
МНР преку соопштение објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на Уставните одредби како и сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Грција, познат како Договорот од Преспа.
„Изминативе седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, кое резултираше и со неколкукратно зголемување на економската соработка и изградбата на позитивни врски меѓу луѓето. Овие придобивки резултираа со членството на земјата во НАТО, Отворање на преговорите со Европската Унија, како и со надградба на Стратешкото партнерство во Стратешки дијалог со САД“, велат од министерството.
Повикуваат на внимателност од страна на сите политички чинители, особено на избраните државни функционери.
Од тука додаваат дека задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата.
Ново на Сител
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
-
Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените
-
Намалени водостоите на езерата