Мнозински српските општини на Косово бараат Приштина да им ги одблокира развојните фондови
Косовските општини со мнозинско српско население протестираат против одлуката на фондот за развој на Владата на Косово да одбие повеќе барања за финансика помош за развојни проекти.
Според косовската телевизија, парите за Митровица и другите општини на северот на Косово кои треба да бидат дел од заедницата на српски општини се скратени поради тоа што локалните власти не го почитуваат законот.
- Поддршката за овие проекти ќе биде одблокирана кога општините ќе почнат да ги почитуваат сите важечки закони, изјави косовскиот министер за финансии Бедри Хамза.
Властите на Косово и Србија постигнаа договор со посредништво на Европската унија, кој меѓу другото го предвидува и создавањето на заедницата на српски општини, но и укинувањето на паралелните, српски институции во овие општини. Имплементацијата на овој договор беше одложена со серијата избори во двете држави, а во меѓувреме косовската Влада изврши ревизија на работењето на овие четири општини, утврди неправилности и ги блокираше средствата.
Ново на Сител
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи