Свет
11. May 2017 - 15:20

ОН: Многу загриженост за договорот за Сирија

Обединетите нации имаат уште „милион прашања“ за договорот за Сирија постигнат од Русија, Турција и Иран, изјави Јан Егеланд, советник во ОН за хуманитарни прашања.

Тој додава дека хуманитарните конвои се речиси целосно запрени. Минатата недела Москва, Анкара и Техеран потпишаа меморандум за формирање безбедносни зони во Сирија.

– Сега Русија, Турција и Иран ни објаснија дека ќе работат отворено, активно со ОН и со хуманитарни партнери на примена на тој догвоор, изјави Егеланд.

– Имаме милион прашња и грижи, но мислам дека немаме луксуз кои некои го имаат да му пристапиме со цинизам тврдејќи дека нема да успее. Потребно е тоа да успее, нагласи Егеланд.