Многу ми е жал: Шабан Шаулиќ ја откри најголемата грешка во животот
Шабан Шаулиќ ја изгубил својата коса некаде околу 70-те години, а по наговор од неговиот пријател почнал да носи перика, а неговата ќерка Илда Шаулиќ се сеќава на тој период и открива дека таа негова мода влијаела на неа.
Шабан вели дека периодот кога носел перика не му е баш драг, а неговата ќерка открива повеќе семејни детали:
-„Природно реагирав кога ја отстрани периката. Сите го поддржавме. Зошто да не?“- вели Илда.
Шабан вели дека едвај чекал да се ослободи од периката:
-„Едвај чекав да се ослободам од тоа. Сега ми е многу жал што ја носев таа глупост. Буквално се препородив кога се ишишав ќелаво. Тогаш бев најсреќниот човек на светот. И морам да признаам дека се каам што некогаш носев перика. Признавам дека мака мачев со тоа. Во еден период од животот почнав да ја губам косата, а подоцна моите пријатели и мојот тогашен менаџер ме наговорија да ставам перика.“- изјавил Шабан.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.