Бизнис
18. November 2019 - 16:26

ММФ предупредува на последици од зголемените плати и пензии и враќање на рамниот данок

Зголемувањето на минималната плата, платите во администрацијата и пензиите, како и враќањето на рамниот данок можат да ги поткопаат придобивките кое претходно  беа направени во фискалната политика. ММФ со критики за економските политики на Владата. Зголемувањето на минималециот нема да ја намали сиромаштијата, затоа што е многу поголема кај невработените,  но може да го намали формалното вработување, предупредува Фондот. Минималната плата расте побрзо од продуктивноста на трудот. ,што е над регионалните стандарди..

ММФ предупредува и за ризиците од напуштење на прогресивното оданочување и воведување на мерката Мој ДДВ, кои ќе ги зголемат буџетските трошоци. Оданочувањето, како што беше првично направено, ја подобруваше одржливоста на јавните фиансии ,а  властите стекнаа значителен кредибилитет на политиките и економијата се опорави. Сега, со одложувањето ќе се забави растот на приходите ,што заедно со повисоките продонеси за социјално  осигурување ќе го зголемат буџетскиот дефицит од 1,8 до 2,5%., пишува ММФ.

За министерката за финансии, прогресивниот данок не ги дал очекуваните ефекти. , затоа се враќа рамниот.

ММФ бара и рационализација на земјоделските субвенции., пренасочување на јавните   трошења  кон инвестиции. .По долготрајната политичка криза, економијата влезе во солиден раст и стабилност, наведува Фондот. Растот ќе продолжи, подржан од силната домашна побарувачка – пониските даноци, а повисоките плати  и пензии кои ќе бидат, иако  еднократен, сепак стимул за потрошувачката.

Повисоките приходи, подобрите можности за вработување и посилните институции ќе помогнат да се задржат  вештите работници во земјава, пишува ММФ во извештајот по завршената мисијата. .

Банкарскиот систем е стабилен, кредитирањето расте,  инфалцијата остана на ниско ниво, но доколку се влоши надворешното опкружување, неоходно ќе биде затегање на монетраната политика, наведува Фондот.