Бизнис
30. јуни 2016 - 12:45

Млекото и млечните производи тема на Talk IN Business

Македонските производители на млеко и млечни производи и дистрибутерите на најпознатите брендови од оваа категорија производи денеска на 7. интерактивна бизнис конференција Talk IN Business ќе дискутираат за каналите на продажба и позиционирањето на производите.

Ќе имаат можност да слушнат и за профилот на консументи на млеко и млечни производи.

На Talk IN Business, освен производителите и дистрибутерите, ќе учествуваат и истражувачки агенции, како и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија.